Кинески прилог од ориз
Состојки
- 125 гр. ориз
- 50 гр. зејтин од сусам
- 2 чешниња лук
- 1 јајце
- една чаша од 250 мл. замрзната златна мешавина или лесно сварен грашок и морков
- 2 лажици соја сос
- 2-3 стракчиња млад кромид
- на вкус сол и бибер
Подготовка
Е ова е навистина вкусен прилог кој се спрема за многу кратко време.
- Оризот сварете го ал денте - да не е преварен, оставете да се цеди.
- Во тавата загрејте го зејтинот, ставете го ситно исецканото лукче, нека се запржи. Кога ќе почувствувате дека веќе замирисал веднаш додадете го јајцето. Бркајте со бркалката додека се спржи јајцето, но бркајки потрудете се да се така испржено иситни.
- Додадете го оризот, нека се малку запржи, додадете веднаш и соја сосот, бркајте и мешајте го во тавата да се тој еднакво исшржи, додадете ги морковот и грашокот, продолжете да бркате и нека се пржи. Целото ова трае околу 5-6 мин.Додадете го сега исецканиот кромид, измешајте да се спои со целата содржина во тавата - доволно е тој само да овене. Тргнете од шпоретот - готово е. Посолете и ставете бибер по ваш вкус.
Забелешка
- Немав грашок и морков, во моемнтот располагав со златната мешавина - ја искорисстив неа - пченката не прави проблем воопшто.
- Внимавајте за осолувањето бидејки и соја сосот придонесува да ссе осоли оризот,
- Оризот внимавајте кога го варите за да не е преварен, треба да е добро исцеден. Кога и да сакам да го спремам овој прилог, јас одвечер го варам оризот, го ставам на сип садот и во фрижидер, наредниот ден е супер сув.
- Во самата рецепта пишува дека се вари оризот со еднакви мери , еден дел вода, еден дел ориз, но јас ставам малку повеке и не прави проблем, вишокот се исцедува.
- Дополнете го прилогот со било кој вид на месо - кај мене најчесто со пилешко.
- Кога немам зејтин од сусам, користам од сончогледовиот, маслиновиот зејтин не ми се допага во оваа комбинација.