Полнети лигњи со ориз и блитва
Состојки
- 500г цели лигњи исчистени (јас користев замрзнати)
- 150г ориз
- 5,6 листови блитва
- 1 главица кромид
- 100г чадена сланина за шмек (и не мора за посно)
- 300г свежи шампињони
- 500мл доматен сос
- 100мл бело вино
- 2 чешниња лук
- околу 600мл вода
- по желба сол, бибер и зачин
- по потреба масло
- за прилог лимон
Подготовка
Во тава се запржува кромидот, се додава сланината, шампињоните исечени на ситно и исечканиот лук. Се пропржува и се полива белото вино и водата. Се зачинува и откако ќе зоврие убаво се додава измиениот ориз и исечканата блитва. Се остава да се вари додека да ја впие водата. Со вака приготвената смеса ги полниме исчистените лигњи. Откако ќе ги затвориме од едната страна со чачкалица, па наполнети ги затвараме и од другата страна со чачкалица. Ги ставаме во подмачкано тавче и ги преливаме со сосот од домати, да бидат целосно покриени. Ги ставаме да се печат околу 30 минути. Се служат со лимон и бело вино.