Крем торта со домашни пишкоти
Состојки
- тесто
- 6 јајца
- 4 жолчки
- 3 лажици какао
- 3 лажици зејтин
- 10 лажици брашно
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажичка прашок за пециво
- околу 25 парчиња домашни пишкоти,прстофат сол
- шербет
- 400мл. вода
- 7 лажици шеќер
- 1 лажици рум
- фил
- 4 жолчки
- 1литар млеко
- 7 лажици шеќер
- 1 лажица сок од лимон
- 200гр путер или маргарин
- 8 лажици брашно
- кора од лимон
- чоколаде прелив
- 100гр. чоколада за готвење
- 1 лажица зејтин
Подготовка
Домашните пишкоти се ОВДЕ направете си дупла доза и почнете со подготовка на овој преубав колач.
Подготовка.
Од десете јајца одвојте ги жолчките од белките. Одделете четири жолчки за кремот.
Изматете ги белките со прстофат сол, постепено додавајте ја шеќерта, сокот од лимон постепено сипувајте го додека добиете цврст крем.
Потоа на оваа смеса едно по едно додавајте ги жолчките и зејтинот додека не се соединат. На крај додадете го брашното,какаото и прашакот за пециво, па се промешајте со дрвена лажица.
Смесата сипете ја во плех со димензии 30*40см. или ростер делиција плехот врз смесата наредете ги пишкотите.
Печете н 180степени 30 мин.
За шербетот сипете ги сите состојки и ставите да вријат,кога ќе зоврие оставете нека врие две минути тргнете да се излади.
Фил.
Изматете ги жолчките со шеќерот за крем,додадете го брашното,ренданата кора од лимон и разматете со малку ладна млеко.
Останатото млеко загрејте го на огин во тенџере и сипете ја постепено смесата со жолчки мешајте додека не добиете густ крем сипете го и румот..
Оставете кремот да се излади.
Изматениот путер соединете го со кремот, кога кората и шербетот ќе се изладат прелите го врз кората па нанесете го филот и оставете да се излади во фрижидер.
На пареа стопете го чоколадото со малку зејтин и прелите ја тортата.
Забелешка.
Јас подготвив пола доза и ја печев во малата ростер тава,со чоколада само ја пропрскав тортата.
Добар апетит!!!
.