Испечати

Лиснати ролати со мармалад

Лиснати ролати со мармалад

Состојки

  • За тесто
  • 1 кг брашно
  • 50 гр густин
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пециво
  • 1 лажица сув квасец
  • 550-600 мл вода
  • 50 гр путер за премачкување
  • мармалад за премачкување
  • шеќер во прав за посип

Подготовка

1. Од сите состојки за тесто замесуваме средно меко тесто , го премачкуваме со 1 лажица масло и го оставаме да стаса околу ½ час.
2. Потоа развлекуваме кора, со сукало, која ја премачкуваме со стопен путер.
3. Преклопуваме од сите 4 страни и ја оставаме да отстои 20 минути на собна температура.
4. Тестото кое има форма на квадрат го сечеме на 4 квадрати и секое парче го расукуваме го премачкуваме со мармалад , го виткаме во ролат и го сечеме на парчиња од околу 2 см или пак во форми по желба.
5. Ги редиме во подмачкан со масло плех и ги оставаме да стасаат 15 минути. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат.
6. Кога ќе ги извадиме од рерна ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Ако постите одлична замена за путерот е палмовото масло, а ако не постите можете да ги премачкате со јајце пред да ги печете.
Користев многу црно брашно, а тоа баш лепи, па оваа тура и не ми излегоа лиснати баш како друг пат кога сум ги правела, затоа се најубави со бело, ама пак со црно се највкусни =)