Футачини со сос од кромид
Состојки
- 200гр +/- футачини
- 1/2 од поголем кромид
- 50мл црвено вино
- 1 лажиче сол и бибер
- 100гр пилешки гради
Подготовка
Е сега кога ги направив футачините, па морав и да ги пробам нешто со нив. Ми дојде така идеа да ги кобинирам со кромид во црвено вино, исходот одличен.
Футачините ги ставаме да се варат со сол.
Пилешките гради ги сечеме на коцки и ги запржуваме.
Ги вадиме од тавата, настрана го сечеме кромидот на ленти. Во истата тава од месото го запржуваме кромидот, посолуваме и го додаваме црвеното вино. Оставаме да изврие целото вино.
На крај ги сервираме футачините врз нив ставаме од пилешкото и на крај кромидот.
Наросете малку црн бибер.
Вкусот на кромидот со тестенините беше одличен.