Банана сплит ролат
Состојки
- за кора
- 6 јајца
- 2 лажици врела вода
- 150 гр шеќер во прав
- 60 гр брашно
- 50 гр мелени ореви
- за фил
- 400 мл млеко
- 1 пудинг од ванила
- 150 гр шеќер во прав
- 200 гр путер
- 2-3 банани
- 3 лажици чоколадни мрвици
- за чоколаден крем-прелив
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- 250 гр маргарин
- 250 гр чоколадо за готвење
Подготовка
Еве едно убаво лесно ролатче што ние го спремивме за да ги изненадиме баба и дедо...испадна ептен вкусно а се припрема многу лесно. Постапката оди вака
Јајцата за подготовка на тестото ги кршиме и ги двоиме белки од жолчки. Жолчките ги матиме со 75 гр шеќер во прав. Во текот на матењето додаваме 2 лажици врела вода и продолжуваме да матиме додека убаво не се згуснат и не добијат светло жолта боја. Во друг сад на страна се матат и белките со преостанатиот шеќер. Во изматените жолчки полека се додава брашното промешано со мелени ореви и густиот шам од изматените белки. Со лажица убаво се промешува смесата да се изедначи и се истура во плех за печење обложен со хартија. ( Во мојов случај беше со големина 44*34 см) Се пече 20 мин на 180 степени.
Во млекото се вари пудингот од ванила и додека е уште топол во него се додава 50 гр на коцки искршено чоколадо. Оставаме да се излади. Во друг сад на страна пенесто се мати омекнатиот путер со шеќерот во прав и лажица по лажица се додава од изладениот пудинг. Во кремот се додаваат и чоколадните трошки и се остава 30 мин во фрижидер
Од кога тестото е испечено се вади на кујнска крпа, во која се витка како ролат и се остава да излади.
Откако и кремот и тестото се изладени се отвара тестото, врз него рамномерно се мачка филот и во почетокот се редат две или три банани- зависи од големината на кои сме им ги отсекле краевите. Се витка полека ролатот.
За темниот крем прелив во сад на оган се става да се стопи маргаринот и чоколадата за готвење на умерена температура со постојано мешање. Во друг сад за матење се матат цели 2 јајца со 2 лажици шеќер и во нив полека се додава изладеното растопено чоколадо. Се мати со миксер и се остава малку да се олади и да се згусне. Повремено пак се проматува со миксерот додека не добиете убав крем. Со чоколадниот крем се премачкува ролатот и се украсува по желба.