Испечати

Домашни пишкоти

Домашни пишкоти

Состојки

  • 4 јајца
  • 150гр. шеќер
  • 110гр. брашно
  • 1/2 прашак за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • малку обичен шеќер и шеќер во прав

Подготовка

Пишкотите се бисквити кои се подготвуваат 900 години и од тогаш рецептот за подготовка е сосема малку изменет.
Подготовка.
Рерната ја загреваме на 180степени,плехот за печење обложете го со мрсна хартија или користете ги тавите за печење на делиција нема да ви е потребна хартија.Во два сада оделете ги белките од жолчките,почнете веднаш со матење на белките додека добиете цврста пена додадете го половина од шеќерот и повторно матете.Жолчките изматете ги со останатата половина од шеќерот додадете го брашното,прашакот за пециво и ванилата доколку користите екстрат доколку користете ванила шеќер додадете ја предходно заедно со шеќерот.Двете смеси соединете ги и мешајте со дрвена лажица додека состојките не се соединат.
Во готварски шприц со кружен отвор формирајте пишкоти така што на почеток притиснете повеќе и на крај од смесата.Растојанието меѓу пишкотите нека биде околу 2 до 2,5 сантиметри.Ако во просторијата во која ги правите е премногу топла тогаш пред да ги формирате пишкотите тавата изладете ја во фрижидер да не се рашират многу додека ги формирате.
Пишкотите се печат околу 8-10 мин, додеда добијат убава боја.Кога ќе ги извадите од рерна оставете ги малку во плехот да се изладат и тогаш извадете ги.Посипете ги со мешан крупен шеќер и шеќер во прав.
Пишкотите искористете ги како бисквитчиња за со кафе или за подготовка на некоја убава торта.
Добар апетит!!!