Испечати

Печена хоботница (октопод)

Печена хоботница (октопод)

Состојки

  • 2кг октопод
  • 1 кг компири
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 100 мл бело вино
  • 1 лимон
  • 6 лукчиња
  • 3 ловоров лист
  • 100 мл маслиново масло

Подготовка

Еден преубав хрватски специјалитет кој може да се припреми и во домашни услови. Одличен избор и за време на пости.
Октоподот доколку е свеж се мие и се става во замрзнувач преку ноќ. Наредниот ден се вади и се отопува. Во експрес лонец се става една чаша вода, 1 лимон исечен на коцки, 3 лукчиња, бибер во зрна и ловоровиот лист. Се става октоподот и се вари 45 мин. Доколку немате експрес лонец варете 45 мин по килограм.
Компирот се сече на покрупни коцки исто така и морковот и кромидот. Се зачинуваат и одозгора се додава сварениот октопод. Сето тоа се прелева со 100 мл квалитетно ладно цедено маслиново масло, се покрива со алу фолија и се пече 45 мин во рерна. Од течноста каде што се вареше октоподот зимаме една чаша додаваме една чаша бело вино, исецкано лукче и магдонос. Се остава да проврие и се прелева октоподот па се пече уште 15 мин во рерна.