Жолта гибаница со спанаќ
Состојки
- 500г готови кори
- 3 јajца
- 300гр кисело млеко
- 100мл кисела вода
- 200мл масло
- 1 лажица прашок за пециво
- 4 лажици пченкарно брашно
- 600, 700г спанаќ
- 300г урда
- масло за премачкување
Подготовка
Изматете ги јајцата, додадете го киселото млеко,киселата вода, маслото,пченкарното брашно и прашокот за пециво. Спанаќот исчистете го и ставете го во топла вода малку да омекне. Потоа и него додадете го исечен во готовиот фил заедно со урдата. Во подмачкан плех со масло ставете ја првата кора,попрскајте ја само со масло и врз неа ставете ја втората кора,попрскајте од филот со спанаќ,ставете ја наредната кора и пак попрскајте со филот со спанаќ. Истата постапка повторувајте ја со сите кори за да се потроши целиот фил. Последната кора попрскајте ја само со масло. Вака наредените кори исечете ги на коцки и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени.