Испечати

Пилешки ѓувеч

Пилешки ѓувеч

Состојки

  • 400-500 гр пилешко бело месо
  • 100 гр ориз
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 70 гр грашок
  • 1 пиперка
  • 1 домат (може и доматно пире)
  • 400 мл вода
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче сув магдонос
  • 1/2 лажиче црн бибер

Подготовка

Испржете го претходно исецканиот зеленчук и додете половина од водата. Потоа додадете го месото исецкано на ситни коцки заедно со лукот. Додадете ја и другата половина на вода и ставете сол,бибер и магдонос. Ѓувечот оставете го да се динста на тивок оган 10 мин, а потоа додадете го и оризот. Во загреана рерна од 180 степени ставете го гувечот уште 10-15 мин.