Торта Метро
Состојки
- Тесто
- 5 јајца
- 10 лажици млака вода
- 15 лажици масло
- 1 ванила
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 лажица какао
- малку црвена прехрамбена боја
- Фил
- 0,5 литри млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 10 лажици шеќер
- 250 гр. маргарин
- 1 кесичка шлаг пена
- 125 мл. ладно млеко
Подготовка
Рецептов за тортава е од старите тефтери, а јас ја направив ем за Прочка, ем за мојот роденден, годинава ден веднаш по неа (Св. Харалампиј).
1. Јајцата ( класа Л) добро се бијат со шеќерот, се додава млаката вода, маслото, ванилата, шеќерот, брашното и пецивото измешано во него.
2. Смесата се дели на 2 дела. Во оригиналниот рецепт едниот дел останува жолт, но јас ставив малку црвена боја за да добијам розе тесто, а во другиот дел се става какаото, па смесите добро се изедначуваат.
3. Двете смеси се тураат во 2 добро намачкани со маргарин правоаголни метални калапи (моите се трапезни), и се печат на 200 степени околу 30 минути во зависност од рерната (за секој случај се проверува со чeпкалка).
4. Кога ќе изладат тестата, се сечат на кришки дебели од прилика колку 1 прст.
5. Во меѓувреме се прави филот. Од млекото се одзема малку за да се растворат пудинзите, и се тураат во зовриеното млеко со 10 лајци шеќер. Се вари пудингот внимавајќи да не загори. Се лади добро.
6. Маргаринот треба да е на собна температура, се сечка на помали парчиња и добро се соединува со изладениот пудинг и на крај се додаваат оревите.
7. Со филот се мачкаат кришките една по една и се редат исправени и обавезно по боја наизменично, онолку парчиња според местото на кое ги редите.
Се добива ролат кој личи како метро.
8. Од останатиот дел од филот се премачкува цел ролат и се лади малку.
9. Се бие шлагот со ладното млеко, се премачкува сета торта, и на крај се ренда чоколадото или се украсува по желба.
10. Се става во фрижидер до другиот ден. Се сече НАКОСО за да се добијат парчиња торта кои содржат тесто со две бои.
Така си добив една розе-кафеава торта, а вие може да направите да биде класично жолто-кафеава, или пак жолто-розева ...
Еми среќен нека ми е роденденот!