Испечати

Раванија

Раванија

Состојки

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 8 лажици гриз
  • 4 полни лажици брашно
  • 1 полно лажиче пециво
  • рендана кора од 1/2 лимон
  • Шербет
  • 600гр. шеќер
  • 600мл. вода
  • 3 лажички сок од лимон

Подготовка

Едноставен рецепт за раванија, ама некогаш едноставните рецепти се и најубави.

Подготовка
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Тавче со димензии 36/20 премачкајте го со зејтин и набрашнете го.
Во длабок сад во кој ќе матите, скршете ги јајцата и додадете ги двете врсти на шеќер. Матете со најголема брзина додека да добиете густа, светла и кремаста смеса. Намалете ја брзината на миксерот и додадете го гризот, брашното помешано со пецивото и на крај кората од лимон. Измиксајте кратко колку да се спојат состојките и ставете ја смесата во тавчето. Печете 20 минути додека тестото одозгоре да порумени и краевите се одлепат од тавчето. Извадете го рерна и оставете на страна да се подизлади па исечете ја на парчиња.

Подготовка на шербетот
Шеќерот и водата ставете ги да се варат и мешајте со лажица додека шеќерот да се истопи. Варете на умерена температура и откако ќе зоврие варете го шербетот 5-6 минути. 2 минути пред крајот додадете го сокот од лимон. Тргнете го на страна да „одмори“ некои 5-6 минути,па налејте ја млаката раванија со топлиот шербет.

Оставете така да излади раванијата па ставете алу фолија одозгора и ставете ја во фижидер. После 3 часа спремна е за сервирање.

Доколку сакате раванијата да е повисока печете во помало тавче или зголемете ја дозата на состојки.