Испечати

Ролат колачиња со мармалад и брусница

Ролат колачиња со мармалад и брусница

Состојки

  • Тесто
  • 200 гр путер омекнат на собна температура
  • 150 шеќер
  • 2 кесички ванилен шеќер
  • 2 средни јајца
  • прстофат сол
  • рендана кора од портокал или лимон
  • 400 гр брашно
  • За фил
  • 2-3 лажици мармалад од кајсии
  • 50 гр сува брусница

Подготовка

Во сад ставете ги сите состојки за тесто и замесите изедначено, мазно тесто. На хартија за печење со сукало развлечите правоаголна кора дебела околу 5-6 мм.
Заедно со хартијата префрлетеја на соодветно плехче и оставете ја во фрижидер малку да се стегне околу 10-15 минути за поубаво да се витка. Но внимавајте да не е оставите предолго зашто ќе се исуши и ќе се крши.
Извадете ја од фрижидерот и намачкајте ја со мармалад и посипете ја брусницата. Завиткајте ролат и ставете го во замрзнувач околу 1 час да се замрзни.
На два плеха ставите хартија за печење и рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Од ролатот сечите парчина од 7- 10мм и редете ги во плехот, одалечени за да не се залепат при печењето.
Се печат околу 15 - 17 минути, да останат светли.