Испечати

Солени стапчиња со готови кори

Солени стапчиња со готови кори

Состојки

  • 500гр. кори за пита
  • Фил
  • 2 јајца
  • 150мл. зејтин
  • 1 пециво
  • 2 кисели павлаки од 180грама
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 1 филџан(120)мл. топла вода
  • 300гр. сирење
  • малку сусам

Подготовка

Еве од мене една брза подготовка на банички од готови кори.
На почеток започнуваме со подготовка на филот за премачкување.Во сад за матење ги кршиме јајцата,матиме го додаваме зејтинот,пецивото, павлаката,пченкарното брашно и топлата вода повторно промешуваме.
Корите ги сечеме на половина,за подготовка на една баничка ни се потребни две кори кои предходно ги премачкуваме со четкичка од филот. На крајот ставаме сирење и мотаме ролат така што краевите ги превртуваме и мотаме.Вака подготвените кори ги ставаме во подмачкан плех премачкуваме со филот и посолуваме со сусам.
Печеме на 200степени половина час.
Добар апетит!!!
Забелешка.
Доколку користите по несолено сирење тогаш во додадете во филот малку сол,моето сирење беше доволно солено да се засолат убаво баничките.