Испечати

Гратинирани компири

Гратинирани компири

Состојки

  • 5 со средна големина компири
  • 2 јајца
  • 200мл. млеко
  • 200гр. кисела павлака
  • 2 лажици брашно
  • по вкус зачини (сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер)
  • по потреба масло
  • 200гр. кашкавал
  • *По желба во бешамелот, (една верзија) можи лукче или пак рузмарин, морско оревче или др. додатоци.

Подготовка

Измиените, излупените компири се сечат на кругчиња како за мусака. Се ставаат во намрсен сад, се попрскуваат со масло, зачинуваат со сол, мешан сув зеленчук, црна пипер и убаво промешуваат.
Во млекото се раствора брашното, да нема грутчиња со помош на жица или рачен миксер, па се додава киселата павлака, јајцата.Се убаво се изедначува и се полева врз компирите.Смесата треба скоро да ги покрива компирите.Се наросува со зачини и се покрива со алу фолија или капак.
Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 1 час., додека омекнат компирите.
Пред крај им се додава кашкавалот-рендан и се враќа во рерна да се растопи.
Или непосредно пред послужување наросете со пармезан.Како што сакате, така, моите ги сакаат без многу додатоци.
Одличен прилог за со печено месо.
На здравје!