Испечати

Путер шеќерпаре

Путер шеќерпаре

Состојки

  • За тесто
  • 150гр. путер или маргарин
  • 1 цело јајце
  • 3 жолчки
  • 1/2 шоља шеќер
  • 1/2 шоља, можи и помалку гриз
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • по потреба брашно
  • За шербет
  • 3 шољи вода
  • 3 шољи шеќер
  • 1 ванила
  • малку лимонов сок
  • *Шољата е од 250мл.

Подготовка

Најпрво се вари шербетот.Одкако ќе зоврие шеќерот и водата, се додава ванилата и лимоновиот сок и се продолжува да се вари уште 15 мин. на умерен оган, додека се добие на густина. Се остава убаво да се излади.

За подготовката на тестото најпрво се растопува путерот и се остава да се излади.
Јајцето и жолчките се разматуваат со вилушка во длабок сад.
Се додава изладениот путер, прстофат сол, шеќерот, гризот, ванилата, пецивото и брашно колку што примаат состојките за да се добие средно меко тесто.Тестото убаво се измесува, пришто не треба да се лепи за раце, значи не многу меко, ниту пак многу тврдо.
Се прават топчиња со големина на орев, малку се сплескуваат и се редат во намрсен плех.
Се ставаат во загреана рерна (5 мин. на 200 степени) и се печат 45мин. на 150 степени.
Штом се извадат од рерна, веднаш се полеваат со ладниот шербет, малку по малку. Се оставаат да одстојат најмалку 3 часа, за убаво да примат од шербетот, а најдобро е преку ноќ. Одвреме-навреме ги превртуваме колачињата од едната и од другата страна.
На здравје!