Испечати

Заљубени ванилици

Заљубени ванилици

Состојки

  • за тесто
  • 450 гр брашно
  • 200 гр. свинска маст (или маргарин)
  • 3 лажици кајмак
  • 5 лажици шеќер
  • 2 жолчки
  • 1 лимон (рендана кора)
  • уште ќе ви биде потребно
  • по потреба мармалад од јагоди
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Варијации на тема ванилици. Не знам дали заради изгледот или заради посебната мекост и ронливост на тестото поради присуствуто на жолчки и кајмак, но дефинитивно ова се моите омилени. Подготовката оди вака

Во сад за матење пенесто ја матиме свинската маст (со маргарин не сум ги правела) и шеќерот. Ги додаваме жолчките и кајмакот, рендана кора од лимон и полека додаваме брашно додека не замесиме убаво, глатко тесто. Помеѓу две парчиња најлонска фолија се развлекува кора со дебелина од 0,5 см. Тестото да напоменам дека нема потреба да стои на ладно. Од кората со калап од срце се формираат колачите. половината како целосна форма на срце, а половината како рамка од срце. Се печат на 180 степени 15 мин.притоа внимаваме да останат бели.

Печените ванилици, убаво изладени ги слепуваме со мармалад од јагоди и ги валкаме во шеќер во прав.