Испечати

Пура баклава со лешници и таан

Пура баклава со лешници и таан

Состојки

  • 500г свежи кори за баклава
  • 250гр лешници
  • 3 лажици цејлонски цимет ( обичен 1 лажица)
  • 10 лажици таан
  • 5 лажици ливадски мед
  • 200 г путер или маргарин
  • За шербет
  • 500г шеќер
  • 1/2 лимон
  • 200 мл вода

Подготовка

Се мешаат лешниците, гризот, таанот и медот. Секоја кора се посипува на едниот крај со тесен слој од филот за да се добие тенок ролат. Се витка во ролат и се става во подмачкана тава со путер. Истата постапка се повторува со остатокот од корите додека не се потроши целиот фил. Ролатите потоа се сечат со должина од 6см и се преливаат со претходно растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени.

За тоа време се подготвува шербетот. Водата и шеќерот се варат околу 5минути откако ќе зовриат. При крајот се додава лимонот исечен на резанки. Се остава да се олади и печената баклава се прелива со изладениот шербет. Пријатно!
Овој рецепт го правев минатата година, ете толку време не сум активна на странава... А сега кога видов која цена стигнале лешниците ццц....Оваа година за прочка друг рецепт за баклава ќе бараме...Или уште поубаво не правиме баклава...