Домашно лепче со 4 вида брашно и уште нешто
Состојки
- 70гр јачменово брашно
- 70гр хељдино брашно
- 70гр пченично интегрално брашно
- 150 гр бело брашно
- 30гр свеж квасец
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажиче сол
- 1/2лажиче шеќер
- зеолит, куркума, лен, сусам
- 350-400мл млака вода
Подготовка
Денес правев малку поинакво лепче и многу ни се допадна.
Па еве да ви го презентирам.
Во топлата вода, ставете го квасецот, шеќерот, и малку брашно да постои 10 минути.
Потоа додадете ги сите останати состојки.
тестото треба да биде замесено понамеко, заначи количината на бело брашно може и да варира со мали одстапки.
Оставете го замесеното тесто 30 минути, покриено со чиста крпа на топло околу 30 минути.
Потоа се размесува, се формира векна и се става во калап каде ќе се печи.
Нека одстои уште 20 минути, па се засекува со нож на неколку места и се печи во загреана релна на 200 степени околу 40 минути, или се додека не фати убава боја.
Се вади од плехот, се покрива со чиста крпа малку да подизлади, па се сечи на парчиња.