Испечати

Пица со шпагети

Пица со шпагети

Состојки

  • 250-300гр шпагети
  • 1 копан со поткопан
  • 2 пиперки
  • 1 модар патлиџан
  • 200гр шунка
  • 100гр сирење
  • 2 јајца

Подготовка

Рецептот случајно го видов на некоја страна, не се сеќавам која, ама ме заинтересира затоа што е со шпагети кои останале од претходниот ден, па ми дојде како добра идеа како да се дојадат и утрешниот ден.
Мене ми имаа останато отприлика околу 200-300 гр шпагети, па според нив се водев со состојките, инаку може да се додава ако количината ви е поголема.
Копанот исто и тој ми беше од претходниот ден и само го исцепкав со раката на парчиња. Пиперките и модриот ми беа веќе испечени и замрзнати, па само ги одмрзнав и тие ги исцепкав со рацете. Шунката изрендајте ја исто и сирењето.
Сите овие состојки измешајте ги заедно, додадете ги јајцата, сол, зачин,оригано,малку буковец ,малку печурки ако имате и имам дома зачин за шпагети. Има малку поспецифичен мирис.
Сето заедно ставете го намрсена тава и печете додека одозгора не се добие така фина кора.