Испечати

Ќофтиња со кисела вода

Ќофтиња со кисела вода

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 4 лажици зејтин
  • 100 мл млеко
  • 1 пециво
  • 150 мл кисела вода
  • 2 средни главици рендан кромид
  • 2 чешниња сецкан лук
  • 4 лажици брашно
  • 4 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче мешан сув зачин

Подготовка

Во длабок сад сите состојки ги мешаме со дрвена лажица.
На загреан зејтин со мала лажица земаме од смесата и истураме во зејтинот да се пржи.
Пржиме 3-4 мин од едната страна, а потоа ги вртиме од другата страна.
Пријатно јадење!