Леб со лук
Состојки
- 1 кг брашно
- 1 квасец
- 600 мл вода
- 1 главица лук
- мал куп свеж магдонос
- 1 лажичка сол
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
Едноставно месете го тестото со брашното, солта, квасецот, водата и маслиновото масло. Оставете го да отстои и да се дуплира во големина. Во меѓувреме се лупи лукот и се става во вода да вари 10-15 мин или додека не омекне. Варениот лук ситно го сецкаме, исто така и магдоносот. Лукот и магдоносот го мешаме и ги додаваме во стасаното тесто и убаво размесуваме и повторно оставаме да отстои околу 1 час. Обликувајте како сакате и ставете во тава со број 32.Повторно оставете да отстои околу 15 мин и печете на загреана рерна од 220 степени 25-30 мин.Се разбира љубителите на лук може да го зголемат количеството на лук.