Ќофте со зеленчук
Состојки
- 500 гр мелено месо
- 1 морков
- 1 голем компир
- 2 кришки леб
- 2-3 лажици презла
- 1 јајце
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажиче сил,зачин,бибер,буковец ,оригано
Подготовка
Морковот и компирот ги вариме. Откако ќе се сварат ги рендаме и ги додаваме во месото. Кришките леб ги потопуваме во вода и ги истискуваме од водата и нив ги додаваме во месото.Кромидот и лукот ги сецкаме многу ситно.И нив и останатите состојки сите ги додаваме во месото. Замесуваме со рака.
Пржиме во загреано масло.