Испечати

Овошни колачиња со овесни снегулки

Овошни колачиња со овесни снегулки

Состојки

  • 3 средни банани-испасирани
  • 180 гр овесни снегулки
  • 50 гр брашно од бадем (ситно измелен бадем во блендер)
  • 100 гр пире од јаболка или аплсос =) (претходно испасирано и оладено)
  • 80 гр брусница-сецкана
  • 2-3 големи лажици мед
  • по 1/4 мало лажиче сол и мелено каранфилче (тоа е по еден прстофат)
  • 1 лажиче мелен цимет
  • 1/2 лажиче екстракт од ванила (по желба)

Подготовка

Супер лесни,здрави и брзи колачиња, кои имаат доста интересен вкус и мирис
Мене ми беше најлесно да ги приготвам во блендер, но мислам дека и со миксер би било сосема во ред. Особено погодни за оние кои што имаат ограничена исхрана како јас во моментов =))))))))

1. Во еден сад ги ставаме испасираните банани и потоа го додаваме пирето од јаболка, ванилата и медот, мешаме додека убаво не се соединат

2. Ги додаваме овесните снегулки мешаме, па ги додаваме циметот,
каранфилчето,солта и брашното,мешаме и на крај ја додаваме брусницата - промешувајќи со лажица

3. Со лажица за сладолед вадиме топки и ги ставаме во плех на хартија за печење,ако сакате можете и да ги притиснете да добиете плочки

4. Печеме окулу 20 мин на 180 степени додека малку не станат кафеави на краевите.Оставете убаво да се изладат

*Од оваа доза излегуваат окулу 24 -во зависност од големината и се доста хранливи и заситуваат
*Наместо банани или пире од јаболка можете да комбинирате пасирани праски од компот и уште мнооогу други вкусни комбинации