Испечати

Интегрална, брза, посна пица

Интегрална, брза, посна пица

Состојки

  • 1 филџан (од200мл) интегрално брашно
  • 1/2 филџан (од200мл) бело или пченкарно брашно
  • 1 филџан (од200мл) кисела вода
  • 1/3 филџан (од200мл) масло
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 стебла праз
  • 3 до 4 средни моркови
  • 200 г црни маслинки
  • 200г чадено тофу сирење (може печурки или обично тофу)
  • 350г доматна салца
  • 50г семки од сончоглед
  • 50г сусам
  • по желба оригано и босилек

Подготовка

Брашното измешајте го со маслото, киселата вода и содата. Треба да добиете тесто кое не е ни многу тврдо ниту пак лепливо. Ваквото тесто не се остава да стасува, туку веднаш се расплескува во плех за печење, како за класична пица. Врз тестото се става доматната салца се наросува малку оригано и босилек. Врз салцата се ставаат претходно пропржениот праз и моркови. Се става тофу сирење или печурки и маслинки. Се наросува сусам и семки од сончоглед. Се пече на 200 степени околу 40минути. Добар апетит