Брзи туфакии со таан и мед
Состојки
- 1кг Јаболки
- 150г ореви
- 50г суво грозје
- 6 лажици таан
- 4.5 лажици мед
Подготовка
Издлабете ги јаболките. Внатрешноста од нив ситно исецкајте ја измешајте ја со сечканите ореви и сувото грозје и наполнете ги јаболките со истата мешавина. Вака наполнетите јаболки ставете ги во сад за готвење на пареа поклоптете ги со капак и варете ги на пареа околу 10 минути или додека не омекнат.
За тоа време на страна измешајте го таанот со мед. Обарените полни јаболки тргнете ги малку да се оладат и нанесете врз секоја јаболка од смесата со таан и мед. Украсете со половина јатка орев.