Испечати

Валентиново срце

Валентиново срце

Состојки

  • За пандишпанот
  • 6 белки
  • 2 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица брашно
  • 1 пудинг од јагода
  • За крем
  • 500 мл млеко
  • 250 гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 4 жолчки
  • 1 ванила
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр еуро крем
  • 100 гр бело чоколадо
  • За целуфки (кајмачиња)
  • 2 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 1 лажица лимонов сок или јаболков оцет
  • Останати состојки
  • 1/2 мандарина
  • 1/2 банана
  • 3 лажици боровинки
  • Шампита
  • 4 белки
  • 20 лажици шеќер
  • 6-7 лажици вода
  • 1 ванила

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
1. Најпрво се матат пенасто белките со шеќерот, па постепено се додаваат жолчките една по една. Се мати кратко, па се исклучува миксерот и се продолжува со мешање со дрвена лажица додавајќи ги брашното, прашокот за пудинг и сецканото чоколадо на мали коцкички. Се става во калап СРЦЕ и се пече околу 25 мин на 200-180 С.
2. Пандишпанот се дели на два дела

Подготовка на кремот
1. Прашокот за пудинг се раствара во малку млеко и се вари во крем со преостанатото врело млеко со шеќер. Откако ќе се свари кремот, се дели на два дела и во едниот се додава белото чоколадо, а во другиот се додава еуро кремот.
2. Откако ќе се изладат се додава по пола матен маргарин во двете смеси.

Подготовка на целуфките (кајмачињата)
1. Белките се матат со шеќерот и малку лимонов сок. Се шприц за шлаг се ставаат мали топчиња и се печат на 180 С околу 20 мин

Подготовка на шампитата
1. Белките се матат со шеќерот и ова се става на тивок оган и се мати одолго време со миксер повремено додавајќи лажица по лажица од водата. Откако ќе се згусти, се трга од оган и се мати уште неколку минути додека не подизлади шампитата

Овошјето се сече на ситни коцкички

Филување
1. Првиот дел од пандишпанот
2. Бел крем
3. Овошје
4. Целуфки (кајмачињата)
5. Кафен фил
6. Вториот дел од пандишпанот
7. Шампита