Испечати

Мусака со шампињони и буковка

Мусака со шампињони и буковка

Состојки

  • 3 средни компири
  • 1 главица компир
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 морков
  • 5-6 шампињони
  • 5-6 парчиња буковка
  • 1 шоља бел ориз
  • 2 јајца
  • 2 лажици павлака

Подготовка

Целиот зеленчук сосе печурките ги сецкам ситно и ги ставам во тава за пржење, ги пржам на маслиново и на путер, но на појак оган за да не пуштат печурките вода. Путерот нема да дозволи да изгори кромидот. И да пушти вода, што мене ми се случува понекогаш, пуштете појако и ќе испари. Зеленчукот убаво да се испржи и се додава оризот, цело време се пржи без сол и без зачини, солта ќе ја извади водата и од печурките, но и од другиот зеленчук. Откако ќе се испржи се додаваат зачините, јас додадов сосем малку сол, мешан сув зачин, шарена сол, шарен бибер, коријандер и микс за мелено месо кој го имам купено во Истанбул, ама дава неверојатен мирис на ваквите јадења кои се без месо, а треба да имаат месо. Во тавата се редат компири сечени на кругови и се истура филот, се покрива со уште еден ред компири, исто ко класичната мусака. Се залева со топла вода и се става во рерна додека да испари добар дел од водата. Водата да не изврие цела бидејќи јадењето ќе биде суво, нека има малку течности. Се матат јајцата со павлаката и се полева врз испечената мусака и се враќа да се допече уште сосем малку, да се зацрви јајцето и павлаката.

Една малку поинаква мусака која се почесто е на нашето мени, долго време не сум направила со месо. Би напоменала, шампињоните не ги мијте, бришете ги со крпа намокрена малку со топла вода, а буковката попарете ја со врела вода или доколку сте скептични само зоврете ја со морска сол.