Испечати

Штангли со кајсии (посно)

Штангли со кајсии (посно)

Состојки

  • Прв дел
  • 200 гр. суви кајсии
  • 4 лажици шеќер во прав
  • парче од лист обланда (35 х 5 см)
  • 1/2 банана
  • Втор дел
  • 100 гр. шеќер кристал
  • 50 мл. вода
  • 50 гр. маргарин
  • 100 гр. мелени бисквити
  • глазура
  • 50 гр. црно чоколадо
  • 1 лажица масло
  • златна прашина, листови бадем

Подготовка

Рецептов го имав најдено на интернет и состојките ги прилагодив за правоаголниот калап за бајадера што го имам со димензии 35 х 5 см и
длабочина 2,5 см.
Овошни, лесни за јадење штангли кои можат да бидат изработени и во посна верзија.
1. Калапот го обложив со најлон, а листот обланда го пресеков според димензијата на калапот, па го ставив внатре за основа.
2. Кајсиите и бананата ги исечкав во сецкото, со рака добро ги измесив со шеќерот во прав и смесата ја распоредив врз парчето обланда во калапот.
3. Шеќерот треба да зоврие со водата, се става маргаринот да се стопи, се трга
од оган. Се додаваат мелените бисквити кои треба добро да се измешаат и малку подизладената смеса се распоредува врз делот со кајсии.
4. Се остава да се излади во ладилник.
5. Чоколадото со маслото се топи (јас го ставив за побрзо во микробранова)
и се добива глазурата.
5. Кога смесата ќе се излади, се вади внимателно од калапот со помош на најлонот и глазурата се мачка одозгора со кујнско четче. Се наросува со златна прашина.
6. Пак се лади и потоа се сечат штангли. Се ставаат ливчиња од бадеми или се украсува по желба.
Штангливе ги направив на мој начин, а од овој калап добив 20 штангли.
Наместо чоколадо одозгора може да се стави фондан.
Пријатно!