Двобоен колач со афион
Состојки
- за прва смеса
- 2 јајца
- 100 гр немелен афион
- 200 мл млеко
- 120 гр шеќер
- 100 мл масло
- 150 гр брашно
- 1 пециво
- 1 лимон
- 1 лажица рум
- за втора смеса
- 5 јајца
- 200 мл кисела павлака
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 лажица брашно
- 150 гр шеќер
- 1 кесичка пудинг од ванила
- 150 гр смрзнати вишни, шекер во прав
Подготовка
Прво се подготвува тестото со афион. Во сад за матење ги кршиме јајцата и постепено го додаваме шеќерот и матиме додека јајцата не се згуснат. Додаваме рум, млеко, масло, рендана кора од лимон, и го додаваме и брашното помешано со афионот и пецивото. Мешаме со лажица да се соедини смесата. Го истураме тестото во правоаголна тава за печење и печеме 25 мин на 180-200 степени.
Во меѓувреме се подготвува вториот жолт дел од колачот. Јајцата ги кршиме и ги двоиме белките од жолчките. Белките ги матиме со 75 гр. шеќер додека не ја добијат потребната густина. Во садот со жолчките ги додаваме преостанатите 75 гр шеќер и матиме. Ја додаваме киселата павлака ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за пудинг и мешаме со лажица за смесата да се соедини. Во садот со жолчките ги додаваме и изматените белки и повторно промешуваме за смесата убаво да се изедначи. Тавата со испечениот прв дел од колачот ја вадиме од рерна врз тестото ги нанесуваме смрзнатите вишни и ги преливаме со жолтото тесто. Ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 20-тина мин на истата температура.
Оставаме колачот убаво да се излади и го сечеме на коцки. Наросуваме шеќер во прав...На здравје нека е