Испечати

Чоколадна клавијатура – баунти чоколадо

Чоколадна клавијатура – баунти чоколадо

Состојки

  • 85 гр шеќер
  • 50 гр путер
  • 200 гр слатка павлака
  • 200 гр кокосово брашно
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 гр црно чоколадо
  • 30 гр бело чоколадо

Подготовка

Прекрасен рецепт, до сега најблиску до оригиналот на баунти чоколадо. Не ве убедувам, кој има желба да си го прави, а и си го сака овој вкус, се сомневам дека некогаш повторно ќе купи вакво чоколадо, затоа што ова е совршенство.

1. Во сад што не лепи ја загреваме павлаката, путерот и шеќерот. Мешаме се додека да се стопи шеќерот. Го ставаме кокосовото брашно и ванилиниот шеќер и добро промешуваме. Ја оставаме смесата да се лади.
2. На даска или друг рамен сад, ставаме проѕирна фолија и ја ставаме изладената смеса врз даската. Обликуваме правоаголник чија висина односно дебелина треба да му биде 2 см. За да биде идеално мазен, прекријте го со фолија и поминете го нежно со сукало или оклагија. Ставете ја даската во фрижидер 2 часа.
3. Со остар нож сечете форми со димензии 7 х 2,5 см.
4. Во друг сад на пареа растопете го црното чоколадо. Со чоколадото, со помош на четка ги мачкаме сите коцки. Можете и да ги ставате во чоколадо, но во тој случај ќе ви треба повеќе чоколадо.
5. Откако чоколадната глазура ќе се стегне, украсуваме со бело чоколадо, стопено на пареа.

За мачкање со црно чоколадо, секое правоаголниче ќе го боцнев со вилушка, за да ми биде убаво на рака и да можам да го вртам од сите страни за да го измачкам убаво. За украсување со бело чоколадо јас го ставив во кесичка на која отворив сосема мал отвор и го користев како шприц.
Чоколатцата или колачињава ги спремав со повод, така да ми требаа помали, па повеќето што ги направив, ги правев како да се од бонбоњера, со таа големина.