Испечати

Шарени колачиња

Шарени колачиња

Состојки

  • 170гр путер
  • 150гр шеќер во прав
  • 3 жолчки
  • малку сол
  • 300гр брашно
  • прехранбени бои по избор

Подготовка

Рецептот за овие прекрасни шарени колачиња го најдов на нет, премногу се декоративни, а најмладите посебно се радуваат со нив. Одземаат повеќе време за правење но вреди.
Се мати путерот со шеќерот во прав, се додава малку сол, екстракт од ванила и жолчките една по една. На крај се додава брашното. Се меси тесто и се дели на 7 дела, едниот дел (белиот)да е 1/3 од тестото, а преостанатиот ден да се подели на 6 дела. Во секој дел се додава прехрамбена боја(жолта,портокалова,црвена,розева,зелена и плава) Се виткаат во фолија и се оставаат да одморат 10-15минути. Од секое топче се сучи кора во вид на правоаголник, сите бои се редат по ред, една врз друга премачкувајки ги со матени белки. Откако ќе се наредат се поминува со сукалото нежно, се витка повторно во фолија и се остава да стои во фрижидер додека се стегне.
Потоа се сечат штангли дебели 1,5цм(во зависност колку е пречникот на калапот кој ќе го користите)Од сечените штангли се вадат форми(види слика) во овој случај пеперутка и се редат една врз друга премачкувајки ги со белка. Се остава повторно во фрижидер. Потоа добиениот ролат од пеперутки се обвиткува со белото тесто, се премачкува со белка и се декорира со шеќерни топчиња. Повторно се става убаво да се стегне во фрижидер. Откако убаво ќе се стегне со остар нож се сечи ролатот парчиња дебели 1цм се редат на намрсен плех и се печат во загреана рерна на 170степени 10-11 минути. Изледа сложено но не е, се надевам убаво објаснив, но затоа поставувам и слики за да биде појасно.