Домашен карамел
Состојки
- 200гр шеќер
- 200мл слатка павлака
- 50гр маргарин или путер
- малку сол
Подготовка
Се става шеќерот на оган, се меша додека не се стопи, потоа се остава на оган без мешање дури да добие убава темна карамел боја(само да не е многу темна ќе горчи карамелот) Се додава 200мл предходно загреана слатка павлака. Ќе почне да прска но внимателно мешајте и намалете го оганот. Се меша додека не се стопи цел карамел и не добие густина. Се додава маргаринот/путерот и ванилата. Се остава да се лади на собна температура. Кога ќе се олади ќе биде уште погусто.