Филовано медено срце-Валентин
Состојки
- За тесто
- 250гр. мед
- 50гр. шеќер
- 50гр. путер или маргарин
- прстофат сол
- 1 ванила
- 2 јајца
- 3 лажици млеко
- 1 пециво
- малку канела
- малку морско оревче
- малку рендана кора од лимон
- 250гр. просеано брашно
- За фил
- 1/2 л. млеко
- 2 ванили
- 50гр. шеќер
- 5 лажици нишесте
- 1 (820гр.)кутија готов компот од праски или ананас
- 250мл. слатка павлака
- За украсување
- по потреба слатка павлака
- малку црвена прехрамбена боја
- малку рендано чоколадо
Подготовка
Вкусно, кремасто медено колаче за денот на вљубените, во знак на љубовта и заљубените!
Бидете секогаш опиени од љубов, а наздравете со чаша добро вино,во чест на Св.Трифун!
Медот, шеќерот, путерот и ванилата на тивок оган полека растопете ги и оставете да се изладат.
На оладената смеса додате ги кората од лимон и останатите мирудии, секако по ваш избор, што милувате, тоа.
Изматете ги јајцата, па додадете ја претходната подготвена смеса, млекото и на крај брашното помешано со пецивото.Ако добиената смеса е многу густа, додадете уште лажица до две млеко.
Истурете во калап срце со пречник, чинам дека беше 24цм, го користев тој на Делимано, малку премачкан со масло.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени до сува чепкалка.
Кога ќе излади, преполовете го на 2 дела, хоризонтално.
Секој дел убаво наквасете го со сокот со компотот од овошјето.
За филот го вариме нишестето со млекото и шеќерот помешан со ванилата.
Оставаме да се излади, со повремени промешувања.
За тоа време ситно го сецкаме исцеденото овошјето-праските или ананасот и го додаваме во кремот.
Слатката павлака ја матиме цврсто и соединуваме со кремот.
Нанесуваме од готовиот фил врз половинките од тестото.Комплетно филоваме и украсуваме по желба.
И не заборавајте....бидете опиени од љубов! )))