Испечати

Ситни колачи со суво овошје

Ситни колачи со суво овошје

Состојки

  • за белите колачиња
  • 100гр. бело чоколадо
  • 100гр. мелени бисквити
  • 50мл. вода
  • 1 лажица маргарин
  • 50гр. суво грозје
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 3 лажици суви кајсии
  • за ролатот
  • 200гр. мелени бисквити
  • 50мл. вода
  • 1 лажица маргарин
  • 150гр. сецкани лешници
  • 50гр. бело чоколадо
  • неколку парчиња сецкани суви сливи
  • 1 лажица мед

Подготовка

За подготовка на белите колачиња најпрво ги премачкуваме со растопено бело чоколадо.Постапката ја повторуваме два пати со тоа што при секое премачкување калапите ги оставаме во замрзнувач.

Водата ја зовриваме заедно со ванилата и маргаринот и ги потурваме бисквитите. Убаво мешаме и оставаме да се излади смесата. Кога ќе се излади ги додаваме сувото грозје и кајсиите. Ги полниме калапите и потоа ги затвораме калапите со белото чоколадо и ги враќаме повторно во фрижидер.

За подготовка на ролатот најпрво ги мелиме бисквитите го додаваме медот и смесата ја натураме со претходно зовриената вода со маргаринот. Убаво ја мешаме смесата и ги додаваме сецканите лешници, сувите сливи и се убаво мешаме. Сместа ја оставаме да се подизлади и потоа ја виткаме во ролат со помош на најлонска фолија и ако саката сместа ставете ја во калап. Кога ќе се оформи колачот одозгора прскаме бело чоколадо.