Испечати

Заборавена манџа со коприва (посно)

Заборавена манџа со коприва (посно)

Состојки

  • 2 раце коприви
  • 1 главица праз
  • 1 патлиџан
  • 1 пиперка
  • 100 мл масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица мешан зачин

Подготовка

Копривата е позната како лековита билка која помага за многу болести, а најмногу се користи како лек за анемија и бубрежно заболување.
Во денешно време многу малку ја користат како храна, а јас сум од тие кој што често ја имам на трпезата.
Ја користам како свежа, но еве еден рецепт како да ја искористите копривата и во сува состојба.

Денес ќе запишам дека мерам со раце, зашто со сува коприва и не знам да ви дадам мерка.Овој рецепт не бара точни мерки.
Ставете две раце сува коприва во еден сад и попарете ја со жешка вода.
Промешајте и исцедете ја водата.
Во копривата додадете масло и почнете да ја пржите.
Исецкајте една главица праз и додадете ја во копривата. Истото направете го на патлиџанот и пиперката. Пржете убаво додека не омекнат. Се додава црвен пипер и зачинуваме по вкус.
Прелеваме вода да го покрие сето ова и оставаме на тивок оган да се вари.
Кога водата е при крај испарена, разматуваме 1 лажица брашно во малку вода и ја додаваме во копривта.
Јадењето е готово.
Ја нареков заборавена манџа, затоа што ретко кој ја подготвува оваа манџа*
Ова е старо традиционално македонско јадење, едноставно, посно и здраво.

Забелешка

Постапката за подготвување на ова јадење со свежа коприва е исто,само што не ја попарувате, туку ја миете и дирекно ја сецкате.

На здравје