Брза рендана салата
Состојки
- 1кг. варени компири
- 4 варени јајца
- 300гр. рандана салама
- 300гр. рендано сирење
- 4-5 рендани кисели крастајчиња
- 2-3 ренади моркови
- павлака и мајонез по вкус
Подготовка
Вкусна и многу брза салата идеална за свечености.
Најпрво ги вариме компирите и ги рендаме во сад. Истото го правиме и со сите состојки. Во длабок сад најпрво ставаме од ренданите компири, па премачкуваме со павлака. Потоа ставаме слој од ренданата салма и пак премачкуваме со павлака. Потоа ставаме слој рендани јајца, павлака, крастајчиња, павлака, сирење, павлака и на крај морковите и премачкуваме со подебел слој павлака и мајонез. Украсете по желба!!!