Чоколадна торта
Состојки
- 2 чаши јогурт
- 1 ½ чаша шеќер
- 2 чаши брашно
- 2 лажичи сода бикарбона
- 3 лажици какао
- 1 чаша масло
- 50 грама ореви
- прелив
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици маргарин
- 150 грама чоколадо
- 7 лажици млеко
Подготовка
1. Се мешаат сувите состојки, потоа се додаваат течните и сето убаво се меша со дрвена лажица.
2. Се пече во караванче број 28 .
3. Потоа го подготвуваме преливот. На оган ги ставаме чоколадото, млекото, шеќерот и маргаринот, да зовријат. Додека е топла тортата ја прелеваме со топлиот прелив. Потоа ја сечеме на коцки.