Шарени корпици
Состојки
- 200гр еурокрем бел
- 200гр бело чоколадо
- 100гр лешници
- 100гр ореви
- 100гр желе бомбони за украсување
Подготовка
Еурокремот и чоколадото се топат на пареа. Лешниците и оревите се сецкат ситно. Откако ќе се растопи еурокремот со чоколадото се додаваат лешниците и оревите. Се меша убаво и се полни во хартиени корпи. Се украсува со ситно сецкано желе.