Испечати

Полулиснати полнети векни

Полулиснати полнети векни

Состојки

  • 750гр. брашно
  • 300мл. млако млеко
  • 20 лажици маслиново масло
  • 1лажица сол
  • 100гр. маргарин(путер)
  • 1кесичка сув квасец
  • 1/4 лажичка печиво
  • 3 мали лажици пипер-буковец
  • 150-тина гр. печеница на парчиња
  • 50гр сусам за посипување
  • 1 цело јајце

Подготовка

Сувиот квасец се роси над млакото млеко и се остава 2-3 минути настрана. Во садот со брашно се додава печивото, сол, маслото, се става и млекото се замесува тесто. Се осатава да стаса 30 минути во топла просторија, најгоре прекриено да не фаќа кора.
Се разделува на 3 дела и од секој дел се сука во правоаголна кора со должина од прилика колку за помал плех. Се премачкува со маргарин или путер,кој што има по дома и се роси по 1 лажичка буковец.
На самиот раб од тестото се редат парчињата печеница и се вие векничка. Постапката е иста за сите 3 парчиња. Секој од нив се засекува на 1,5 см од прилика со нож на горната површина од векната. се става над хартија во плех да надојди за 40.минути па се премачкуваат со разматено јајце со малку масло, се роси сусам и се става да се печат на 200 загреана рерна. Откако ќе запечат се намалува температурата на 180 и се става одозгора хартија за да не изгорат убаво да се изврие едно 50 минути вкупно.