Испечати

Солени стапчиња

Солени стапчиња

Состојки

  • За тесто
  • 1кг. брашно
  • 1 кафено лажиче сол
  • 1 кафено лажиче шеќер
  • 1 пресен квасец (40гр)
  • 1 шоља за млеко (250мл) масло
  • 1 шоља за млеко млака вода
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • по потреба сол -крупна, пипер буковска и оригано

Подготовка

Сигурна сум дека овие вкусни, крцкави, декоративни стапчиња сите ги имате вкусено и подготвено.
Ова е мојот рецепт по кој јас ги подготвувам.

Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно тесто, кое не е лепливо за раце и убаво ќе биде измесено. (Во шољата млака вода се раствора квасецот и се чека да се активира, а потоа се додаваат и другите состојки. Шољата е од 250мл., но во зависност од тоа колку брашното ќе прими, по потреба додадете уште малку топла вода.)Не се чека тестото да го дуплира волуменот, одма се работи.
Се дели на 4 дела, од кои се прават топки и се премачкуваат нежно со масло-за да не фатат коричка.
Од секоја топка се отвора тенка правоаголна кора , која се премачкува со разматено јајце, се наросува со сол, пипер и оригано.
Се сечат ленти, секоја лента се превиткува на половина, така што мачканиот дел да биде однадвор и се витка-засукува спирално.Се редат во намрсен плех.
Се печат во загреана рерна и тоа на 200 степени, додека убаво поруменат, некои 18 минутки.
Грицкајте и уживајте!