Испечати

Колачиња од банани (без печење)

Колачиња од банани (без печење)

Состојки

  • 3 банани
  • 1 маргарин
  • 250гр. шеќер во прав
  • 2 жолчки
  • 500 гр мелени бискоти
  • 300гр чоколадо за готвење (прехрамбена боја ако сакате да бидат шарени)

Подготовка

Бананите ги пасираме, а бискотите ги мелеме.
Маргаринот го миксираме со шеќерот во прав и жолчките. Ги додаваме бананите и бискотите и промешуваме. Бидејќи од бананите ќе бидат жолтникави можете да додадете боја. Ако смесата не ви е доволно тврда додадете мелени бискоти.
Правете форми какви сакате, може и бомбици.
На оган го топиме чоколадото за готвење и го полеваме секое колаче.