Испечати

Инволтини ал помодоро - Полнети ролати

Инволтини ал помодоро - Полнети ролати

Состојки

  • 6 свински шницли
  • 125гр. црвен песто
  • 125гр. моцарела
  • сол, бибер
  • Сос
  • 250мл. говедска бистра супа
  • 125мл. црвено суво вино
  • 1 лажица густин + 50мл. вода
  • мешавина италијански зачини - оригано, мајчина душица, рузмарин...

Подготовка

Шницлите исчукајте ги и помеѓу две фолии или во кеса за замрзнување да бидат со дебелина околу 3-4 мм. Послолете и побиберете ги од двете страни.
Секоја шницла премачкајте ја со по 1 1/2 лажичка песто, наредете парчиња моцарела по површината од шницлата и завиткајте во ролат. Прцврстете со дрвени чепкалки или метални кујнски игли и ставете да се пржат на убаво загреано масло.
Пржете по неколку минути од сите страни, додека ролатите убаво заруменат. Откако се испржиле тргнете ги на страна и завиткајте ги во фолија.
Во маслото каде се пржеа, додадете ја супата и виното, оставете да проврие па ставете го растворениот во вода густин и продолжете со варење на сосот додека да се згусне. Пред крај додадете ги зачините и дотерајте го вкусот на сосот.
Послужете топло со прилог по ваша желба.