Посна сарма со соја трошки
Состојки
- * листови од кисела зелка (стасана)
- 4 страка праз
- 1 главица кромид
- 150 гр ориз
- 100 гр соја трошки
- 2 ловорови листови
- 1/2 лажиче јадра сол
- 1 лажица мешан зачин
- 1 лажиче буковец
- 2 лажичиња црвен пипер
- 100 мл масло за јадење
- 250 мл расолница
- по потреба вода
Подготовка
1. Празот и кромидот ситно се сечкаат и се пропржуваат до омекнување
2. На тоа се додава истребениот и измиен ориз
3 Соја трошките се ставаат во вода да отстојат околу 10-тина минути да набабрат и потоа се додаваат во смесата што се пржи
4. Се додаваат зачините и откако се ќе омекне, смесата е подготвена за полнење на сармичките
5. Листовите зелка се сечат на помали парчиња за сармите да бидат помалечки (залче-сармиче)
6. Секој лист се полни со по едно лажиче од смесата и се витка сармичка
7. Кочаните кои се извадени од листовите зелка се ставаат на дното од тенџерето во кое ќе ја вариме сармата
8. Се редат сармите на дното од тенџерето, па се посипува со малку мешан зачин,црвен пипер и буковец, малку масло за јадење и повторно се повторува постапката за вториот ред сармички во тенџерето
9. Најозгора се покрива со цели листови зелка, се додава ловорови листови, расолница и вода и се вари сармата.