Испечати

Богата погача

Богата погача

Состојки

  • За тестото
  • 500 гр брашно
  • 1/2 коцка пресен квасец
  • 2 лажичиња сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 150 мл топло млеко
  • 100 мл кисело млеко
  • 2 јајца (1 жолчка се чува за премачкување на погачата)
  • 50 мл масло за јадење
  • по потреба млака вода
  • За фил
  • 250 гр шунка
  • 250 гр урда млечна
  • 200 гр кашкавал млечен
  • 150 гр маргарин

Подготовка

1. Квасецот се остава да се удвостручи во малку топло млеко
2. Брашното и сите останати состојки (без една жолчка) се замесуваат
3. Без да се остави да нарасне тестото, веднаш се почнува со изработка на погачата. Tестото се дели на 6 дела и секој од нив се сука во мала коричка
4. Секоја коричка се премачкува со маргарин и врз него се става од урдата и од шунката изрендани
5. Секоја кора се реди една врз друга...врз последната не се премачкува маргарин, туку прво се рассукуваат сите кори заедно (една врз друга) во една поголема кора
6. Големата кора се премачкува со маргарин и врз него се става ренданиот качкавал
7. Кората се витка во ролат па од него се сечат тркалца со дебелина од 3 см
8. Се редат во намрсено тавче со маргарин тркалцата, се става врз нив по мало парче маргарин и се остава да нарасне погачата
9. Пред печењето, се премачкува со матена жолчка од јајце и се попрскува со сусам
10. Се пече на 180 С