Испечати

Пченица со локум и таан алва

Пченица со локум и таан алва

Состојки

  • 200 гр бела пченица
  • 100 гр локум со ореви
  • 100 гр таан алва
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 150-200 гр мелени ореви
  • 2-3 лажици шеќер во прав
  • Дополнително (по желба)
  • 400-500мл млеко
  • по потреба/желба чоколадно какао за посипување

Подготовка

1. Пченицата се чисти и вари.
2. Се цеди од водата и во него се додаваат пасираните локум и таан алва, и сите други останати состојки.
3. Се посипува одозгора со малку чоколадно какао
4. Се изладува убаво во фрижидер и се служи.

- Јас вака спремената пченица ја полевам со 400-500 мл млеко и така ја служам...Посебно ми е така вкусна !