Испечати

Колач со тиква

Колач со тиква

Состојки

  • 600-700 гр. тиква
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 230 мл. јогурт или кисела павлака
  • 4 лажици густин
  • 1 лажица пециво
  • на вкус мед или јаворов сируп, рендана кора и сок од портокал, ванила, цимет

Подготовка

Фантастичен - така ќе рече секој што ја обожава тиквата.

- Излупете ја тиквата, исецкајте на коцки, ставете во касеролата и подлијте со малку вода, додадете и ренданата кора и сок од портокал, рендана кора од лимон, ванилата - нека се вари додека омекне (тоа е околу 5 мин), тргнете од огнот, сега додадете малку и цемт. Ставете на цедалка да се цеди и олади. Течноста не ја фрлајте, можете со него да го полиете колачот или сочувајте за ароматизирање на друг колач.
- Додека се лади тиквата со миксер сматете ги јајцата и шеќерот, додадете го јогуртот или павлаката, измешајте да се спојат. Додадете го густинот во кој сте го измешале пецивото.
- Земете помала модла, на дното од истата намачкајте мед, посипете со малку цимет, распоредете ги коцките од тиква, залејте ги со смесата, ставете да се пече на 180 степени претходно загреана рерна. Времето на печење навистина зависи многу од самата рерна, препорака е да се пече 30-40 мин.
- Испечена оставете ја да олади и останува на вас дали ќе ја премачката со сматена слатка павлака, сматена шлаг пена или само едноставно ке поросите малку цимет .... Одлучете вие.
Напомена
- Ова што го гледате на сликата е печено во малата ростер тава и сметам дека погрешно проценив - некако понизок ми стои колачот. Требаше да ја правам со додавање на 2 јајца и барем 800 гр. тиква и нормално - зголемувајки ги и останатите количини од состојките.
- Смесата е многу ретка-да не мислите дека нешто е грешно - не е, додека се пече таа се стиснува.
- Овој колач го печам за 20 мин. - затоа реков дека зависи од рерната.
(Да ви шепнам само - овој колач сама можам да го изедам)