Тригони со чварки и ајвар
Состојки
- 500гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 кесичка (10гр) сув квасец
- 200мл млеко
- 100мл зејтин
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица мелено ленено семе
- фил
- 200мл кисело млеко
- 200гр сирење
- 350гр ајвар
- 1 лажица сенф
- 250гр чварки
Подготовка
Се замесува тесто од брашното со квасецот и млакото млеко, зејтинот, солта и шеќерот и се остава да надојде-да скисне.
Одкако ќе стаса тестото се сука кора која се премачкува со фил, се сече и се остава да стаса.
Фил
Се мешаат иситнетите чварки, сирењето, киселото млеко и ајварот додека убаво се спојат.
Одкако ќе се исука кората се нанесува од филот на краевите и се виткаат двете страни кон средината. Се сечат на тригони и се оставаат да стасаат. Се засекуваат со нож или ножици и се премачкуваат со сенфот претходно разматен со 2 лажици зејтин и 2 лажици вода. Се печат во загреана рерна околу 30 минути. На дополнителната фотографија едниот дел е со ајвар, а другиот само со сирење и кисело млеко.