Домашен ржан леб со маслиново масло
Состојки
- 600 гр бело брашно
- 300 гр ржано брашно
- 1 сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 4 лажици маслиново масло
- 600 мл вода
Подготовка
Сите состојки се замесуваат со топла вода. Се остава тестото да стаса, да се дуплира. Се размесува тестото и се дели на три дела. Секое топче се меси па се расплескува и се витка во ролат. Се остава да стаса. Рерната ја уклучуваме на 250 степени. Откако убаво ќе стаса, со нож го расекуваме и потоа го печеме додека да зацрвени.
Забелешка
Течноста за замесување зависи од брашното, мене толку ми беше потребно за да го замесам. Можете да си земете и веќе подготвено брашно со рж, каде што застапеноста на рж ќе биде 40 % рж наспроти 60 проценти бело брашно. Јас користам и такво брашно, а имам и само ржано брашно.
Лебот го печам во Делимано тава и ништо не ставам за подмачкување ниту пак брашно, ако сакате можете да си ставите за вкус. Доколку печете во обично тавче можете да го набрашните или пак да го намрсите, а можете да го печете и на хартија за печење.
Отако ќе го испечете можете и да го намачкате со масло за да има сјај кората и да биде уште помека.