Испечати

Поинакво рижото со печурки (посно)

Поинакво рижото со печурки (посно)

Состојки

  • 200гр. Ориз
  • 500мл. Чај од мајчина душичка
  • 50гр. Ореви
  • 200гр Свежи шампињони
  • 1/2 Кромид
  • 2 портокали со средна големина
  • 100мл растителна павлака за готвење

Подготовка

Како љубител на ориз, ова е мојот последен експеримент, според мене успешен, а вас ви останува за пробате за да видите дали ќе ви се допадне.

На загреана тава ставаме маслиново масло и ситно исецкан кромид. Јас користев половина средна главица, а вие можете по желба.
Додаваме сол и црн бибер. Ја намалуваме ринглата на средно ниска температура.
Кога ќе добие кристална боја кромидот, ги додаваме шампињоните исецкани на листови.
2 минути покасно го додаваме и оризот, пропржуваме сосема малку и ги додаваме ѓумбирот, лукот во прав, и предходно исцедениот сок од портокал.
На страна го имаме веќе спремено чајот од мајчина душичка. Јас имав само во кесички, па за половина литар топла вода, искористив 3.
Постепено налеваме од чајот во тавата со оризот. Од прилика на 3 пати, се разбира секое следно додавање е кога оризот ја примил веќе додадената течност.
Некаде при самиот крај, ги додаваме исецканите оревчиња и павлаката за готвење. Пржиме уште окулу 2-3 минути, додека добиеме посакувана густина.

Рижотото е варијација на тема, има безброј начини. Ова беше мојот. По желба искористете пилешко месо. Јас лично не сум љубител.
Можеби моите мерки ви изгледаат малку, како за главно јадење, но јас готвам само за двајца.